Гранична Соработка помеѓу Македонија и Албанија 2007

 

Проектот „Брендирање: Етаблирање на патот кон промовирање и заштита на локалните производи во преку граничниот регион“ е финансиран од Делегацијата на Европската Унија, во рамките на Проектите за Преку Гранична Соработка помеѓу Македонија и Албанија 2007 – 2013, (Инструмент за Пред Пристапна Асистенција – ИПА, Компонента 2.

Проектот е со временска рамка од Мај 2012 до Јули 2013 година.

Проектот го спроведуваат Центарот за одржлив развој АЛКА (ЦОР АЛКА) од Македонија и Институтот за Демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија.

Општата цел на проектот е придонес кон економскиот развој на руралните заедници во областите на преку гранична соработка, преку промоција на регистрација и заштита на локални и регионални производи.

Долгорочна намера на проектот е да ги собере клучните засегнати страни и корисници од регионите на преку гранична соработка, во една единствена структура, која работи кон иницирање на регионални стратешки пристапи за брендирање, а тоа ќе значи и придонес кон одржлив и долгорочен економски развој на руралните подрачја во преку граничните региони.

Акциите на проектот: (1) Креираат врски за соработка меѓу пограничните региони, (2) Иницираат енергично и одржливо локално производство, (3) Обезбедуваат можности за отворање нови работни места и бизниси, (4) Ја одржуваат традиционалната рурална култура и регионалниот идентитет и (5) Имаат значително влијание врз алтернативниот туризам и локалните добавувачи на прехрамбени производи.

Специфични цели:
А.    Воспоставена рамка за планирање и управување со процесот на регистрација и зачувување на локалните производи во преку граничните региони.
Б.    Подобрени капацитети на целните преку гранични региони, за управување со процесот на брендирање на производ.
В.    Воспоставена меѓу гранична соработка и координација на каналите за преку гранична соработка, поврзано со промоција на регионални производи.

Проектот особено ќе работи на:

  • Промовирање / регистрација на регионални производи, како и регионално брендирање,
  • Развој и спроведување на заеднички стратегии, акциони планови, студии и споредбени анализи во врска со постоечката ситуација, законите и процедурите за регистрација на производи;
  • Фасилитирање на деловни контакти, вмрежување и партнерства, за организиран пристап на различните групи на локални производители на локалните и регионални пазари и пошироко; и
  • Развој и спроведување на тренинзи, едукативни активности и трансфер на ЗНАМ-КАКО (know-how), во областите на брендирање на локални производи, регионално брендирање, раководење со бизнис и маркетинг.

Како резултат на состанокот произлезе  ревидирана временска рамка за целовреметраење на проектот како и детална временска рамка на активности за првиот семестар на проектот.

  • Развој и спроведување на тренинзи, едукативни активности и трансфер на ЗНАМ-КАКО (know-how), во областите на брендирање на локални производи, регионално брендирање, раководење со бизнис и маркетинг

Проектот е финансиран од Европската Унија

Овoj документ е изработен со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е одговорност единствено на имплементирачките организации и на ниту еден начин не може да се смета дека ги рефлектира ставовите на Европската Унија.

 

//TODO

 

Превземете брошура на Македонски

Превземете брошура на Албански

Прирачник One stop guide

Флаер – Македонски

Флаер Албански