За Нас

Здружението за Одржлив Развој и Соработка АЛКА е формирано на 13.04.2004 година по иницијатива на група колеги, членови на ИРДУ (тим за интегриран рурален развој) тимот, вработени во Француската невладина организација АКТЕД.

Со идентификување на потребата за поддршка на развојот на граѓанското општество во Република Македонија многу интернационални невладини агенции и организации во втората половина на 90те години отвараат свои претставништва.
Во 1998 година Британската НВО ЦАД- Директна Помош за Деца отвара своја оперативна канцеларија во Скопје.
Во рамки на организацијата во 2000 година се формира тимот за Рурално водоснабдување и здравствена едукација. Функционирањето на овој тим воедно претставува и зачеток, односно основа за формирање на АЛКА. Работата на овој тим е исклучиво на развојни проекти.
Април 2001 година овој тим се доекипира и трансформира во Тим за Интегриран Рурален Развој (ИРДУ). Тимот имплементира проект за рурален развој во период 2001-02 финансиран од СИДА, Шведската Интернационална Агенција за Развој и Соработка во вредност од 600 000,00 Американски долари.

ЦАД во Јуни 2002 година ја завршува својата мисија во Македонија.
И покрај тоа, поради исклучително позитивните резултати на работата на ИРДУ тимот, тој и понатака е поддржан од СИДА.
Со цел да продолжи со своите активности, тимот работи како дел од Француската НВО АЦТЕД.
Во периодот Јуни 2002 -Јуни 2004 тимот имплементира проект за Интегриран Рурален Развој финансиран од Шведската агенција СИДА во вредност од 1 600 000.00 Евра.

Поттикнати од стекнатите искуства, потребата за понатамошен развој на граѓанското општество, граѓанските организации, и општеството во целост, вработените во ИРДУ тимот во Април 2004 година формираат локална НВО под името Здружение за Одржлив Развој и Соработка АЛКА.

Во Мај 2004 година АЛКА како локална НВО поднесува проект до Шведската агенција СИДА и истиот е одобрен за финансирање и имплементација.
Проектот е насловен Програма за Интегриран Развој на Рурални Заедници, во вкупна вредност од 1 600 000,00 Евра, и ќе се имплементира во периодот од Јули 2004 до Јуни 2007.

Програмата насловена како Програма за Интегриран Развој на Рурални Заедници е со вкупен буџет од 1 600 000 Евра, со период на спроведување од јуни 2004 до јули 2007 година.

Следејќи ги актуелните случувања во државата, здружението е активно и на полето на поддршка на процесот на децентрализација. Во таа насока, во периодот од септември 2006 до април 2007 година спроведена е програмата Промоција на децентрализационите процеси блиски на граѓаните преку аплицирање на најдобрите британски практики –  проект поддржан од британската амбасада во Македонија.

Во тековниов период Алка работи на спроведување на две програми кои  претставуваат продолжување на активностите на здружението за поддршка на одржливиот развој на руралните заедници и промоција и поддршка на процесот на децентрализација.
Програмата Интегриран Рурален Развој (ИРР), финансирана од Шведската Агенција Сида, ќе се спроведува во период од јануари 2008 до март 2009 година. Со програмските активности ќе бидат опфатени девет општини и 18 рурални заедници во нивните рамки.
Програмата Поддршка на Процесот на Децентрализација (ППД) која  финансиски е поддржана од британската амбасада, ќе се спроведува во периодот од декември 2007 до мај 2008 година.

Вредностите на АЛКА

АЛКА, во сите свои активности, пристапи и принципи во работата, ги промовира, застапува и вреднува:

– Транспарентноста и отвореноста во и надвор од организацијата

– Партиципацијата и партнерството во процесот на донесување на одлуки на сите нивоа

– Тимската работа, со цел да се поддржат иницијативите за остварување на заеднички цели. Ние ја гледаме соработката во и надвор од заедницата како клучен елемент за ефективна акција.

– Свесноста за човечките разлики, охрабрување на взаемното почитување со посебна важност на еднаквоста меѓу половите

– Професионален пристап и однесување, како стандарди во својата работа.

– Креира активности за мобилизирање и мотивирање на заедниците за превземање иницијативи за самопомош

– Го комбинира своето стекнато искуство и експертиза со искуството на партнерите со цел да постигне ефективност и позитивни резултати во својата севкупна работа.

– Иницира и спроведува активности за развојно планирање и мобилизирање на расположивите ресурси во правец на неговото реализирање.

Follow Us