Оспособување за вработување-јавен оглас до заинтересирани субјекти

За потребите на проектот „Оспособување за вработување“ (финансиран од Европската Комисија и Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на РМ, а врз основа на Договорот за грант број 12-8405/1, проектниот тим на ЦОР АЛКА објавува јавен оглас до заинтересирани субјекти – потенцијални работодавачи за вклучување во проектот „Оспособување за ваботување“ – Активност 1.2 – Обука преку работа – практиканство.

Се повикуваат заинтересирани субјекти – потенцијални работодавачи кои се во можност да обезбедат обука преку работа – практиканство за 30 учесници (крајни корисници) во проектот.

Рок за доставување на пријавите и потребната документација е до 10.07.2017 година на начин наведен во огласот.

Заинтересираните субјекти огласот, пријавата и потребната документација можат да ја симнат од веб страницата на ЦОР Алка www.alka.mk или да им биде испратена на електронска пошта по претходно пријавување на интерес на е-маил alka@alka.org.mk или elizabeta.gj@alka.org.mk.

 

Javniot oglas vo word

Javniot oglas vo pdf