ПОКАНА ЗА ИНТЕРЕС ЗА КОНСУЛТАНТСКА УСЛУГА – Избор на компанија 1.4.

Центар за одржлив развој АЛКА, Скопје, во соработка со Развојните решенија (ДеСо), Скопје, Ве поканува да аплицирате за консултантски услуги – Избор на компанија (CQS-1.4.), за развој и дизајн на веб портал (платформа), одржување на веб порталот и поддршка на активностите на промотивната маркетинг кампања.

Консултантот ќе биде ангажиран во рамките на проектот Онлајн маркетинг и комуникација за одржлив развој на руралниот туризам, кој се спроведува како дел од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од Претпристапниот доверителски фонд на Европската унија.

Детали за услугата и како да се аплицира може да се најдат во:

11-40-1 CQS 14 Terms of Reference_final and

11-40-1-1 CQS 14 Request expression of interest_final