Практична работа на студентите одржана во Елбасан

 

Следниот чекор по подготвителната сесија беше да се донесат двете групи на студенти заедно да го практикуваат она што го имаат научено на факултетите. Практичната работа беше одржана во Елбасан каде групата на студенти од Македонија имаше шанса да види и да има интеракција со социјалните работници во рамки на социјалните услуги кои ги нуди „Тјетер Визион“, организацијата „Женски Форум“, и центарот „Еден Сон Повеќе“. Тие исто така остварија контакти со претставници на општина Елбасан кои се одговорни за испорака на социјалните услуги во областа, и ја посетија и полициската станица. Студентите добија доволно информации за услугите кои се нудат, и за тоа колку е нивната улога на социјалниот работник важна и фундаментална во давањето на овие услуги. Блискиот контакт на студентите со корисниците на услугите им помогна подобро да го разберат обезбедувањето на социјални услуги и како тие може да пристапат кон давањето на истите во нивните животни средини. студентите имаа можност за практична работа со следење на упатствата на социјалните работници. Тие исто така имаа воведна сесија на Универзитетот во Елбасан (одделот за социјална работа) за процесот на практична работа која се одржува во Елбасан и како студентите ја спроведуваат праксата во социјалните институции. Двете групи на студенти имааат за задача да изработат есеј врз основа на фактите и резултатите кои ги видоа на практикумот.
Вкупно 18 учесници од БЈР Македонија учествуваа на практикумот. Од нив 12 беа студенти, 3 Универзитетски професори и 3 вработени во Алка.