Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, Институтот за развој на заедницата Тетово (ИРЗ Тетово) и ЦОР – „Алка“ – Скопје објавуваат повик за финансиска поддршка на граѓански организации. Поддршката ќе биде доделена на проекти кои ќе придонесат кон главната цел на проектот: Зголемување на влијанието на локалните граѓански организации во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, со крајна цел за обезбедување на позитивни социјални промени. Ќе бидат поддржани иновативни идеи за подобрување на активното граѓанско учество во процесите на креирање политики и носење одлуки за развој на локалната заедница.

Период на реализација на активностите е од 1 Октомври 2018 година до март 2019 година (минимум 3 месеци – максимум 6 месеци).

На овој повик ќе се доделат грантови од најмалку 3.000 до најмногу 5.000 евра во денарска противвредност по поединечен грант. Вкупната сума за грантови е максимум 60.000 евра.

Пријавата за овој повик се состои од:

  1. Образецот за пријавување (Прилог 1);
  2. Образец за предлог – буџет (Прилог 2);
  3. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од шест месеци;
  4. Кратки биографии на персоналот вклучен во проектот;
  5. Годишен наративен извештај за работа и финансиски извештај, за 2017 година;
  6. Годишна програма за работа, за 2018.

 

Пријавите се доставуваат најдоцна до 17.00 часот, 15.08.2018 на следната адреса: grantovi@frlz.org.mk

Прашања  во  врска  со  повикот  можат  да  бидат  поставени  исклучиво по писмен пат на e-mail: grantovi@frlz.org.mk најдоцна до 20.07.2018. Одговорите на поставените прашања ќе бидат објавени на www.frlz.org.mk најдоцна до 30.07.2018 година.

Детални информации за повикот можете да најдете во документите во прилог.

Во рамки на овој повик ќе се организираат три информативни денови, во Штип, Тетово и Скопје.

Инфо денови:

  • Штип, на 20 јуни 2018 година во просториите на ФРЛЗ Штип со почеток од 12:30 часот,
  • Тетово, на 20 јуни 2018 година во ресторан Парадокс од 12:00 часот,
  • Скопје, на 28 јуни 2018 година во просториите на АЛКА, ул. Партизански Одреди 62 1/16, Скопје од 12:00 часот