Управувањето со отпад претставува сериозен предизвик за урбаните и руралните власти и креаторите на политиките и затоа, решенијата за проблемите со управувањето со отпадот треба да бидат интегрирани и одржливи!
Интеграцијата подразбира дека процесот на управување со отпад мора да го земе предвид целиот процес на создавање и отстранување на отпадот, додека концептот за одржливост сугерира дека прашањето за управувањето со отпадот се решава на таков начин што ги максимизира социо-економските и еколошките придобивки за општеството.
Редуцирај. Селектирај. Рециклирај.
Спроведувањето на активностите од проектот “Зелен раст и одржлив развој” се поддржани во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени” спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – CVNP.
Изразените ставови и мислења се на спроведувачот и нужно не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.
@Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association
@CNVP Fondation