Анализата „Заедно за климатска акција“ што е изготвена во текот на месец ноември 2023 години, а беше спроведена врз основа на анкетата што опфати 306 домаќинства од општините Центар и Карпош, покажа дека во просек 66% од испитаниците дневно го отстрануваат отпадот, 60% испитаници од Центар и 73% до испитаниците од Карпош.
Високиот процент на дневно отстранување на отпадот е во голема корелација со потрошувачката во домаќинство и бројот на членови во семејството. Податоците укажуваат дека поголемиот број на членови во домаќинството произведуваат и повеќе отпад.
Околу 20% од испитаниците од Центар и 15% од испитаниците од Карпош неделно го отстрануваат домашниот отпад, и тоа се најчесто семејства кои се со помалку од три членови во семејството.
Останатиот дел од испитаниците односно 20% од испитаниците од Центар и 12% од испитаниците од Карпош, 2-4 пати во текот на неделата го отстрануваат домашниот отпад.
Редуцирај Селектирај Рециклирај
Спроведувањето на активностите од проектот „Зелен раст и одржлив развој“ се поддржани во рамки на проектот „ГОи во акција за климатски промени“ спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на Млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на изразените ставови и мислења се на спроведувачот и нужно не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.
Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association