Анализата „Заедно за климатска акција“ што е изготвена во текот на месец ноември 2023 години, а беше спроведена врз основа на анкетата што опфати 306 домаќинства од општините Центар и Карпош покажа дека постои низок степен на задоволство од жителите во двете општини, во однос на постоењето на материјали за програми за рециклирање.

Околу 9% од жителите на општина Карпош се задоволни од постоењето на материјали за рециклирање, додека само 3% од жителите на Центар. Дополнително, 66% од жителите на Карпош и Центар не се задоволни од постоењето на материјали за рециклирање, додека во просек околу 28% од испитаниците се неутрални.

Ниското ниво на задоволство од материјали и информирање, произлегува пред се од немањето информации ниту информативни кампањи за жителите.

Редуцирај Селектирај Рециклирај

Спроведувањето на активностите од проектот „Зелен раст и одржлив развој“ се поддржани во рамки на проектот „ГОи во акција за климатски промени“ спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на Млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на изразените ставови и мислења се на спроведувачот и нужно не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.

Eko-svest

Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association

CNVP Foundation